Posts

Главен град на Франција

Image
Париз ( француски : Paris ) е главен град на Франција , а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион . Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа , по регионите околу Москва и Лондон . Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата , културата , политиката , образованието , уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето. Според податоците од 2005 година, [6] [7] Париз од градовите во Европа е со најразвинена економија и највисок Б...